Шекеринска и Брнз во посета на армискиот полигон „Криволак”

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со американската амбасадорка Кејт Брнз денеска ќе го посетат армискиот полигон „Криволак” каде ќе бидат брифирани во врска со претстојните активности за реализацијата на вежбата „Одлучен удар – 21″.

Вежбата „Одлучен удар – 21″ ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак” и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија.

До самото започнување на вежбата, од Армијата информираат дека ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот Криволак кој ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот