Кирило Буданов / Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Шефот на украинското разузнавање алармира: Русија се спрема да го нападне Балтикот во 2027 година – Полска е цел за напади, но не и за освојување

Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, предупреди дека Русија подготвува планови за можна окупација на балтичките држави и дека временската рамка за такво сценарио е поместена поблиску, веќе кон 2027 година, објави „Правда“.

Буданов изјави дека според првичните руски планови, подготвеноста за вакви активности била предвидена за 2030 година, но тие во меѓувреме биле ревидирани.

„Плановите се прилагодени и рокот е поместен на 2027 година,“ рече тој, појаснувајќи дека станува збор конкретно за балтичките држави.

Буданов оценува дека ваквите намери произлегуваат од начинот на кој Москва самата се перципира. Според него, Русија се гледа како империја која мора постојано да се шири за да го зголемува своето влијание и територија.

„Путин не се откажува од плановите да ја преземе Украина “, предупредуваат американските разузнавачки служби

Шефот на украинската воена разузнавачка служба објасни дека северниот и источниот правец за Русија не се реална опција поради географските и политичките последици, додека, пак, југот, односно евентуален конфликт со Кина, би бил катастрофален за Москва.

„Единствената насока што им останува е западот, кој во нивната перцепција го доживуваат како слаб и неодлучен,“ истакна Буданов.

Во исто време, тој наведе дека Полска моментално за Русија не се разгледува како цел за окупација, туку исклучиво како потенцијална мета за воени удари, односно за ограничена воена кампања без воспоставување контрола врз територијата.

Неодамна, Естонија, Латвија и Литванија се повлекоа од глобалната конвенција за забрана на противпешадиски мини кон средината на оваа година и неодамна започнаа со финални подготовки за поставување на ова експлозивно оружје на нивните граници со Русија и со Белорусија.

Балтичките земји наскоро ќе поставуваат мини на границата со Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот