Шарапова откри како се запозна со Ѓоковиќ

принтскрин

Новак Ѓоковиќ и Марија Шарапова ги разговор во живо на Инстаграм се потсетија на нивните тениски почетоци и пријателството.

Ѓоковиќ и Шарапова се големи пријатели кои често се дружеа за време на турните, но сега руската убавица ужива во тениска пензија. Двајцата одлучија да ги озрадуваат своите фанови на социјалните мрежи и во разговор во живо се потсетија на неколку интересни моменти.

Веднаш на почетокот Шарапова го потсети Ѓоковиќ како помина нивното последно заедничко снимање на реклама.

– Последен пак кога заедно игравме тенис те погодив во меѓуножјето. Од тогаш ти освои неколку грен слем титули, така што мислам дека сега треба да снимиме нова реклама – се пошегува Марија која потоа им откри на фановите како тие двајца се запознаа.

– Игравме егзибиција во Ла Кинта, Калифорнија, доколку се секжаваш. Игравме микс дубл едни против други и ти рече дека кој ќе загуби плаќа вечера. Исто така рече дека веднаш одиме во еден јапонски ресторан по натпреварот. Таму го замоли келнерот да не фотографира со еден стар кодак фотоапарат. И тогаш знаев дека си мој голем фан – рече Шарапова, но и Ѓоковиќ не остана должен.

– Го изгубив тој апарат, а ти признај дека намерно го загуби натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот