Шампионска еуфорија на „Сан Сиро“: Милан планира новогодишни подароци!?

epa08533483 Ac Milan's Coach Stefano Pioli celebrate the victory with Ac Milan's defender Alessio Romagnoli at the at the end of the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Juventus Turin at the Giuseppe Meazza Stadium in Milan, Italy, 07 July 2020. EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Управата на Милан ќе се обиде во текот на зимскиот преоден рок да го освежи тимот и после една деценијата повторно клубот се најде на врвот во Италија. „Росонерите“ последен пат ја освоија Серија А во сезоната 2010/2011, вкупно 18 титула во нивната историја.

Според италијанските медиуми, техничкиот директор и клупска легенда Паоло Малдини веќе работи на на нови засилувања, односно планот е да се ангажираат четири играчи на „Сан Сиро“.

Прв на листата е турскиот интернационалец Озан Кабак, дефанзивецот на Шалке, потоа одбранбениот играч Матео Ловато од Верона. „Скаутите“ ја следат ситуацијата со фудбалерот од средниот ред во Салцбург, Доминик Шобошлаи и напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам.

Навивачите на Милан веруваат дека со ваквите можни новогодишни засилувања заедно со искусниот Златан Ибрахимовиќ може да се обезбеди Скудетото.

Моментно сезонава во најсилното италијанско првенство води токму Милан после седум кола со 17 бодови, пред Сасуоло (15), Наполи на Елиф Елмас (14) и Рома кои имаат по 14, а на делба на петтата позиција се актуелниот шампион Јувентус и Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот