Шакира и Пике ги договориле деталите за привремено старателство над нивните синови

Шакира и Жерар Пике се разделија / Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Според странските медиуми, Шакира и Пике постигнале привремен договор околу старателството над нивните синови Саша (7) и Милан (9). Децата половина месец би го поминале со фудбалерот во Барселона, а половина месец со пејачката во САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Компромис

Ова решение е компромис, велат извори до поранешниот пар. Пике сакал децата да останат во Барселона, додека Шакира сакала да се преселат од Каталонија во Мајами. Наводно, ова решение е само привремено бидејќи сè уште трае правната битка за тоа кој ќе го добие старателството над децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Крај на 12-годишната љубов

Шакира и Пике пред два месеци ставија крај на 12-годишната врска. „Ел Периодико“ напиша дека пејачката го фатила фудбалерот во кревет со друга жена, поради што решиле да се разделат.

Тие се запознале за време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а набргу потоа започнале љубовна врска, која никогаш не ја крунисаа со брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот