СЕЗОНА НА СВЕЖИ ЈАГОДИ: Многу лесен рецепт за овошни мафини

јагоди со свежи мафини
Фото Профимедиа

Конечно дојде сезоната на вкусните и освежувачки јагоди, кои речиси сите ги сакаме, било да се свежи, џем, слатко, кандирани или во колачи.

Сезоната на свежи јагоди одбележете ја со овој одличен и многу лесен рецепт за мафини.

Потребни состојки:

1,5 шолји брашно
2 лажички прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1/2 шолји омекнат путер
Една шолја шеќер
2 големи јајца
1/2 шолја павлака
1/2 шолја млеко
2 шолји сецкани свежи јагоди
Екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во еден сад измешајте ги брашното, пецивото, содата и солта. Во друг сад изматете путер и шеќер, додека да добиете пенеста смеса. Додадете ги јајцата и ванилата, па продолжете со матење. Додадете ја павлаката и измешајте со лажица.

Во оваа смеса додадете ја мешавината со брашното, а на крај и млекото. Измешајте и кога ќе се изедначи смесата додадете ги и исецканите јагоди.

Оваа смеса ставајте ја во корпички за мафини. Печете 17-20 минути. Остануваат свежи и до 4 денови.

Како идеја за ручек, прочитајте го и овој рецепт за пилешко со тиквички во сос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот