Ручек за половина час: Пилешко со тиквички во крем сос

Можете да го јадете како главно јадење или да го послужите со тестенини.

Испробајте го рецептот за пилешко месо со тиквички и павлака и тоа наскоро ќе ви стане омилено јадење.

Состојки:

 

– 400 гр пилешки гради

 

-1 мала тиквичка

 

– 1 кисела павлака

 

– 2 лажици сусам

 

– 1 мала главица кромид

 

– сол, зачини по желба

Подготовка:

 

Исецкајте го месото на коцки, посолете го и зачинете го по желба.

 

Во тава сипете малку масло, испржете го кромидот, а потоа додадете го месото.

 

Намалете го оганот на средна температура и оставете да се пржи десетина минути, па додадете ја тиквичката која претходно сте ја исецкале на коцки.

 

Оставете да се готви уште десетина минути, додека сокот кој ќе го испушти тиквичката да го омекне месото.

 

Во сад ставете ја павлаката со сусамот, измешајте, па додадете ги во тавата. Кога сите состојки се ставени во тавата, оставете да крчка уште пет минути.

 

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот