Северина се иселила од кај Игор: Кеба немоќен да ја задржи снаата дома! (ФОТО)

Северина / Фото: Инстаграм @severina

Северина Којиќ веќе три месеци престојува во Белград, меѓутоа повеќе не живее во куќата на свекорот Драган Којиќ – Кеба на Бежаниска коса. Пејачката неодамна изнајми стан во Нов Белград, бидејќи сака свој мир.

– Игор не бил за тоа таа да земе стан, бидејќи имаат доста простор во куќата. Меѓутоа Севе како Севе. Секогаш си тера по свое – открил извор за српски „Стар“.

Северина, Игор Којиќ и неговите родители Кеба и Олја / Фото: Инстаграм @severina

– Кога Игор дозна за тоа, жестоко се искараа. Тој не сакал да ја напушти семејната куќа, па сега Северина е сама во станот. Колку што знам, Игор од време на време оди во станот, но повеќе време поминува со мајка му и татко му. Токму поради тоа започнаа приказните дека се разведуваат, а дури и на Инстаграм се отследија. Кеба се обиде да зборува со снаата за да ја убеди да не оди во стан, но таа му кажала дека има многу причини зошто смета дека така е најдобро – рекол изворот објаснил што ја натерало Северина на ваков чекор.

– Пејачката му кажала дека го сака него и неговата сопруга Оља, но смета дека секој треба да има свој мир. Таа за време на карантинот сфатила дека и недостига слобода и дека не може повеќе да живее со свекорот и свекрвата. Кеба дури на Игор му рекол дека не ја разбира Северина и дека се чуствува повредено, бидејќи цело време се труделе да им буде убаво и удобно. По се изгледа на Игор и Севе не им цветаат рози, постојано е некоја тензија, таа е нервозна и поради синот кој е кај татко му Милан Поповиќ, па така не е изненаден што цело време се расправаат. Веројатно сакала да избегне Кеба и Оља да ги слушаат нивните секојдневни расправии, а дали ќе се смират или не, ниту тие не знаат – објаснува изворот близок на семејството Којиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот