Серија А: Пандев стрелец, Несторовски асистент во македонската пресметка (ВИДЕО)

twitter.com/MacedonianFooty

Во рамките од 11. коло во најсилното италијанско првенство Џенова загуби од Удинезе со 1:3 во македонската пресметка меѓу Пандев и Несторовски.

Пандев за Џенова повторно беше стартер, а по додавањето на Куаме му донесе водство на домаќиноте во 22. минута за 1:0.

Во 32. минута следуваше израмнувањето, Несторовски асистираше до Де Пол кој реализираше еден фантастичен погодок.

Тимот од Удине го комплетираше пресвртот благодарение на головите на Сема и Ласања. Во другите две средби Верона славеше над Бреша (2:1), а ремизираа екипите на Лече и Сасуоло (2:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот