СЕРИЈА А: Елмас за малку ќе го имаше голот на кариерата! (ВИДЕО)

twitter.com/en_sscnapoli

Фудбалерите на Наполи денеска во рамките од шестото коло во најсилното италијанско првенство на домашен терен со 2:1 ја совладаа Бреша.

Наполи поведе во 13 минута со голот на Дрис Мертенс, а предноста ја зголеми Константинос Маниолас во четвртата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Конечниот резултат го постави Марио Балотели во 67 минута што беше него првенец во дресот на Бреша.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 73 минута како замена за шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте. Анчелоти после мечот изјави дека Љоренте после перформансите на високо ниво изгледал уморен, па одлучил да биде заменет од нашиот Елмас да покрива повеќе во средниот ред.

Можеше многу лесно нашиот играч и да се запише во листата на стрелците, се ослободи од тројца противнички играчи и малку недостасуваше да ја затресе мрежата.

За играчите на тренерот Карло Анчелоти ова е вкупно четврта победа во Серија А и моментно е на четвртото место на табелата со 12 бодови. Бреша го претрпе четвртиот пораз сезонава и е на 14 позиција со шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот