Серена Вилијамс во второто коло го заврши настапот на мастерсот во Торонто

Серена Вилијамс ја игра последната сезона во кариерата/фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Американската тенисерка Серена Вилијамс е поразена во второто коло од турнирот од мастерс серијата 1000 што се игра во Торонто. Помладата од сестрите Вилијамс, загуби од Белинда Бенчиќ во два сета со 6:2,6:4 за само 78 минути игра.

Бенчич првиот сет го реши со два брејка, а во вториот сет и беше доволен само еден брејк за триумф и пласман во осминафиналето.

Противничка на Бенчич во осминафиналето ќе биде Гарбине Мугуруза која пак беше поуспешна од Каја Канепи во два сета (6:4,6:4).

Канаѓанката Бјанка Андреску славеше со 6:3,4:6,6:3 против Ализ Корне и во следната рунда ќе игра против Кинеската Женг на која Онс Жабер и го предаде мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот