СЕНЗАЦИЈА НА „КАМП НОУ“: Фати го споредуваат со Лионел Меси! (ФОТО)

twitter.com/InvictosSomos

Младиот Ансу Фати (16) блесна со гол и асистенција во победата над Валенсија (5:2) на „Камп Ноу”, со што стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига со вакво достигнување.

Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде не криеше дека овој талент импресионираше со неговиот настап, но истакна дека тој не треба да се споредува со Лионел Меси.

– Фати е исклучително концентриран и игра многу добро. Не е вообичаено фудбалер да постигне гол со речиси првиот допир, со вториот да направи асистенција, а со третиот речиси да реализира погодок. Ако продолжи да го прави истото, тој ќе биде многу корисен за тимот во иднина. Иако дебитираше многу млад, Ансу успева да покаже што знае. Не ми е грижа за споредбите меѓу него и Меси. Тоа само може да му наштети. Не сакаме да создадеме вишок очекувања околу него, што потоа ќе пукнат како меур – рече тренерот на Барса, Валверде.

Еве и еден интересен податок, на Фати му беа потребни три мечеви во шампионатот да ги постигне неговите први два гола, а на Лионел Меси дури 13 натпревари.

На табелата во шпанската „Ла Лига“, после четири кола на врвот е Атлетико Мадрид со девет бодови, по осум имаат Реал Мадрид и Атлетик Билбао, а по седум Барселона, Севиља и Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот