Барса не знае да победи на гости, но дома е застрашувачка (ВИДЕО)

фото: Twitter

Барселона продолжува со топло-ладно игрите во шпанската Ла Лига. Каталонците не можат да победат на гости, но затоа растураат на „Камп Ноу“ и нивна последна жртва е Валенсија која е совладана со 5:2.

Во отсуство на сè уште повредениот Лионел Меси, навивачите ги забавува младата 16-годишна сензација Ансу Фати кој во првото полувреме имаше по еден гол и асистенција. Френки де Јонг во седмата минута го постигна првенецот во дресот на Барселона и донесе водство од 2:0 за својот тим.

Во првиот дел Валенсија преку Кевин Гамеиро намали на 2:1, за во второто полувреме прво Жерар Пике да зголеми на 3:1, а потоа блесна Луис Суарез со два гола. Вториот гол за Валенсија го постигна Макси Лопез во финишот од натпреварот.

Атлетико Мадрид го доживеа првиот пораз во новата сезона, фудбалерите на Диего Симеоне се поразени со 2:0 на гостувањето кај Реал Сосиедад.  Одегард и Монреал се најзаслужни за првиот пораз на Атлетико Мадрид кој остана лидер на табелата со девет бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој со 3:2 го совлада Леванте, и два повеќе од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот