Сензација на „Ролан Гарос“: Шестиот тенисер на светот Рубљов елиминиран во третото коло
Големо изненадување на „Ролан Гарос“ направи Италијанецот Матео Арналди кој во третото коло го совлада шесторангираниот тенисер во светот, Андреј Рубљов со 7:6 (6), 6:2, 6:4.
Препорачано
Овој меч подобро го отвори Русинот, кој прв направи брејк во седмиот гем. Сепак, веќе во следнот, 35 тенисер на АТП листата си го врати загубеното. До крајот на воведниот дел од мечот играчите беа сигурни при сервирањето, па се отиде во тај-брејк.
На возбудувањата им немаше крај, а Рубљов прв стигна до сет-топката. Италијанецот успеа да ја спаси, па дојде до сет-топка која за разлика од противникот успеа да ја реализира.
Вториот сет помина во целосна доминација на Арналди кој направи дури три брејка, претрпе еден, но сето тоа беше доволно за да дојде до големи 2:0 во сетови.
Во третиот дел од мечот играчите ги задржаа сервисите до седмиот гем кога Арналди повторно направи брејк. Тој успеа да ја зачува предноста што ја стекна и триумфираше по два часа и 35 минути.
Во осминафиналето Италијанецот ќе игра против победникот од мечот Стефанос Циципас (Грција) – Жижен Жанг (Кина).


