Сенатор од Флорида ѝ честиташе роденден на американската морнацица со фотографија од руски нуклеарен брод (ФОТО)

Руска морнарица/ Фото: Профимедиа

Преземањето на фотографии од интернет често пати може да предизвика многу недоразбирања, а американскиот ветеран и конгресмен од Флорида, Брајан Маст, ја плати цената и целосно се посрамоти. Имено, Американецот и посака среќен роденден на американската морнарица со фотографија од рускиот борбен брод „Петар Велики“, објави српски „Курир“.

Објавата на Твитер осамна на вчера, кога американската морнарица го славеше својот 244-ти роденден. Набрзо по увидената грешка, твитот е избришан, но не пред будното око на американските медиуми да ја увиди и посочи на грешката.

Маст, кој е ветеран на американската војска, а во Авганистан ги има загубено двете нозе и прст, потоа објави уште една честитка, овој пат со официјалното видео на американската морнарица.

Интересно е да се напомене дека „Петар Велики“ брод кој се движи на нуклеарен погон и останува единствениот од класата Киров кој во моментов се наоѓа во служба. Бродот тежи 28.000 тони и располага со 20 крстосувачки ракети П-700 Гранит како главно одбранбено оружје. Згора, „Петар Велики“ има и низа на противавионски ракети за сопствена и заштита на бродовите кои го следат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот