Семејство од пехчевски Црник останаа без покрив над глава

Откако во петокот околу 19:30 часот беше опожарена куќата на семејството Џитанови во село Црник, без покрив над глава останаа четири семејства, стари луѓе и деца. Според информациите од Ванчо Бучевски вработен во општината, од пожарот бил зафатен целиот горен кат на куќата со изгорена цела покуќнина во него.

– Само брзата интервенција на противпожарните екипи од Делчево и Берово и помошта од жители од село Црник и Пехчево не дозволиле огнот да ја пеплоса целата куќа – информира Бучевски.

Во пожарот како што соопшти Бучевски изгорела целата покуќнина на семејството Џитанови.

Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, заедно со директорот на ЈКП ,,Комуналец” и вработените биле меѓу првите кои и пружиле помош на унесреќената фамилија. Тренчовски апелираше граѓаните масовно да се вклучат со било каква помош за Џитанови.

Прочитајте и...  Шахпаска: Гласањето за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање на режимот

– Општината во рамки на своите можности ќе им помогне на луѓето кои живееја во куќата. Апелирам до сите хумани граѓани и фирми, кој колку може да помогне за возобновување на нивниот дом – истакна Тренчовски.

За помош на семејството Џитанови од село Црник е отворена сметка на име Аида Џитанова со број 300057028657233, Комерцијална банка.

Прочитај повеќе

Охриѓанец наместо да седи во изолација предизвикал тепачка

Слободен печат

Скопјанец утрово со секира ја нападнал сопругата, па бил пронајден мртов во нива!

Слободен печат

Повреден полицаец од Куманово кој се обидел да уапси штипјанец

Слободен печат

Воз удри во пешак кај Визбегово

Загина возач од Стојаково

Странец паднал од зграда во изградба

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тракторист загина утрово во тешка сообраќајка кај Југокомерц во Кавадарци

Слободен печат

Нападнат возач на ЈСП, уапсено младо момче

Слободен печат

Велешанец „заработи“ кривична, продавал хероин

Слободен печат

Тешка сообраќајка во Кавадарци, загина 28 годишно лице

Слободен печат

Најден удавен маж на брегот на Вардар кај поранешен велешки ХИВ

Слободен печат

Маж и дете се повредени во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски