Семејствата на починати од корона во Италија бараат 259 000 евра оштета и одговорност за смртта на скоро 70 илјади луѓе

epa08900756 Merchants, restaurateurs and holders of VAT numbers attend a demonstration amid the second wave of the Covid-19 Coronavirus pandemic, in Rome, Italy, 23 December 2020. Italy fights with the second wave of pandemic of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Членовите на семејството на оние кои починаа како резултат на инфекција со коронавирусот во Италија, преземаат законски чекори против премиерот, министерот за здравство, како и претседателот на регионот на Ломбардија.

Според Гардијан, тие ќе преземат законски чекори поради небрежност при справување со кризата предизвикана од пандемијата.

Членовите на семејствата на 500 починати поднеле граѓанска тужба во провинцијата Бергамо, која беше сериозно погодена за време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот. Тие тврдат дека тројцата службеници на Џузепе Конте, Роберто Сперанца и Атилио Фонтана, наводно се соучесници во смртта на скоро 70 илјади луѓе кои починале од коронавирус

Во тужбата се наведува дека тројцата службеници се одговорни затоа што не ги ставиле навреме во карантин градовите Алзано Ломбардо и Нембро на крајот на февруари и покрај препораките на научниците. Се тврди дека тие не го надградиле националниот план или го спроведоа регионалниот што требаше да се направи.

Адвокатката Консуело Локати, која ги застапува семејствата на починатите, бара 259 илјади евра обештетување за секое семејство. Судската постапка беше иницирана од групата „Нои Денункремо (ќе го откажеме)“, која од март ги собира членовите на семејството на починатите. Групата досега има поднесено околу 300 жалби до локалните власти како дел од истрагата што ја започна обвинителството во Бергамо во јуни, во кои детално се опишува за тоа како починале жртвите.

Локати рече дека за време на истрагата, не биле идентификувани виновници или криминалци по претставките доставени до обвинителството. Но, таа објасни дека истражувањето што го спровеле последните месеци довело до откривање на кој е одговорен и тие одлучиле да покренат граѓанска постапка.

„Според законот во Италија, потребно е да се има адекватен национален план, а регионалните власти мора да го спроведат регионалниот план според него“, рече таа.

Таа додаде дека не само што националниот план е застарен, туку воопшто не е тестиран за да се види дали работи. Италија е прва европска земја погодена од пандемијата. Планот, кој беше на сила за време на пандемијата во Италија, а датира од 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот