Семејно насилство во Волково: Син физички ја малтретирал својата 59-годишна мајка

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Вчера од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода П.М.(36) од Скопје.

Постапувајќи по пријава дека во близина на Градска општа болница „8 Септември” била пронајдена почината В.М.(59) од Скопје, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 00.30 часот В.М. била пронајдена со повреди во с.Волково, по што била пренесена во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но самостојно ја напуштила болницата.

По преземени мерки било утврдено дека таа била физички малтретирана од синот П.М., но не сакала да пријави.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот