Села се враќа на чело на Алијанса за Албанците, дамите ќе почекаат

Зијадин Села се враќа на лидерската позиција во Алијанса за Албанците, барем на дел од партијата која застана на негова страна по поделбата на АА на приврзаници на Села и тие на претседателот Арбен Таравари.

Села повторно доаѓа на лидерската позиција по желба на делегатите на четвртиот вонреден конгрес на партијата. Иако имаше најава дека во трка за претседателската кандидатура првпат се и две дами пратеничката и потпретседателка на АА, Илире Даути, и претседателката на Форумот на жените Вјолца Бериша, сепак конгресот гласаше Села повторно да ја предводи партијата.

Неодамна, прашан дали тој ќе ја преземе партијата, Села одговори: „Не се повлеков за да се вратам“, односно дека кога се повлече од лидерската функција на Алијанса, сакал да биде пример дека во партијата не треба да има вечни лидери. Сепак Села се врати.

Партијата беше формирана во 2015 година, а произлезе од Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи. Зијадин Села тогаш иницираше движење за реформи во ДПА, а набргу потоа следуваше основањето на Алијанса за Албанците на чие чело застана тој.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот