ФОТО Алијанса на Села ќе го разреши Таравари, две дами во трка за претседател на Алијанса

Илире Даути, Зијадин Села Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

Впечатливо е дека столчето до Села е празно и на него е испишано името на Таравари, кој не присуствува на конгрсот закажан од Села. 

Почна вонредниот конгрес на Алијанса за Албанците на подржувачите на експретседателот Зијадин Села.

Конгресот се одржува во Националната опера и балет и е само два дена откако вонреден конгрењс одржаа подржувачите на претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Конгрес Алијанса Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

И двете крила на Алијанас тврдат дека го имаат легитимитетот да ја предводат партијата.

Впечатливо е дека столчето до Села е празно и на него е испишано името на Таравари, кој не присуствува на конгрсот закажан од Села.

Конгрес Алијанса
Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

 

На конгресот организиран од Таравари, Села беше разрешен од функцијата претседател на Централното собрание, односно беше укинато тоа партиско тело.

На конгресот закажан од Села се очекува Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците.

Елми Азири, Кренар Лога Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

Како што веќе објави „Слободен печат“, според информациите, за нов претседател на Алијанса во трка се две дами, пратеничката и потпретседателка на АА, Илире Даути, и претседателката на Форумот на жените Вјолца Бериша. Дали првпат на лидерската функција на Алијанса ќе застане дама ќе зависи од членовите на Конгресот, бидејќи, како што брифираат, голем притисок се прави Села да се врати на претседателската функција во партијата што тој ја основаше. Неодамна, прашан дали тој ќе ја преземе партијата, Села одговори: „Не се повлеков за да се вратам“, односно дека кога се повлече од лидерската функција на Алијанса, сакал да биде пример дека во партијата не треба да има вечни лидери.

Илире Даути Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

На конгресот пак, кој што го одржа Таравари во Александар Палас беше потврдена кандидатурата на Таравари за претседателски кандидат на Европскиот сојуз за промени, како и коалицијата на Алијанса за Албанците со Демократско движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши. Поддршка на албанската опозиција има и од Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти преку советникот Беким Ќоку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот