Сексуален однос еднаш во неделата ја одложува менопаузата

Profimedia

Жените што имаат интимни односи барем еднаш неделно ги намалиле шансите за влегување во менопауза за 28 отсто во споредба со жените што имале сексуален однос помалку од еднаш месечно.

Жените што имаат почести сексуални односи влегуваат во менопауза подоцна од оние што се помалку сексуално активни, откри студија што ја објавија научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Наодите откриваат и дека, во просек, жените што имаат интимни односи барем еднаш неделно ги намалиле шансите за влегување во менопауза за 28 отсто во споредба со жените што имале сексуален однос помалку од еднаш месечно.

Студијата сугерира дека разликата ја рефлектира реакцијата на телото на еволутивниот притисок на видот.

Ако жената има малку секс додека се приближува до средната возраст, тогаш телото не добива физички знаци на можна бременост“, напишале Меган Арно и Рут Мејс, научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон и авторки на студии.

Односот помеѓу зачестеноста на сексуалните односи и почетокот на менопаузата

Професорите Арно и Мејс ги испитале податоците од 3.000 жени во САД регрутирани помеѓу 1996 и 1997 година, кои учествувале во студијата што траела неколку децении. Познат како SWAN, проектот имал за цел да ги бележи податоците и промените – биолошки и психолошки – што се појавуваат за време на менопаузата.

Просечната возраст на жените што учествувале во студијата била 46 години. Ниту еден од нив сè уште не влегла во менопауза, но нешто помалку од половина влегле во претходната фаза кога почнуваат да се појавуваат благи симптоми на менопаузата.

Во текот на следната деценија, 45 отсто од овие жени влегле во менопауза – просечната возраст била 52 години.

Податоците од студијата покажуваат дека 78 отсто од овие жени биле во брак или во врска, а 68 отсто живееле со партнерот. Односот помеѓу зачестеноста на сексуалните односи и почетокот на менопаузата бил непобитен, откриле истражувачите.

Ако откажувањето од вашиот сексуален живот звучи ужасно, не грижете се!

Многу парови остануваат сексуално активни во текот на нивните постари години. Само бидете свесни дека сè се менува. Жените често престануваат да бидат сексуални кога возбудата или оргазмот ќе им станат тешки, но она што може да помогне е повеќе ментален ангажман и физичка стимулација.

Важно е да престанете да очекувате дека тоа ќе биде истиот тип на секс што сте го имале во дваесеттите години од животот, вели д-р Крафт, директор на Клиниката за секс и пол во Одделот за психијатрија во „Џон Хопкинс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот