Сексот со овој хороскопски знак е повеќе од фантастичен!

Изгледаат одлично, имаат многу енергија и со сигурност ќе ви го расклатат креветот, сексот со нив е фантастичен.

Нормално, станува збор за Близнаците.

Близнаците генерално повеќе ги привлекуваат интересните, отколку згодните луѓе.

Тие се неверојатно шармантни, умеат да флертуваат и друштвото едноставно го имаат на дланка, бидејќи се одлични раскажувачи на приказни и шеги.

Нивното расположение се менува кон лошо единствено доколку ги оставите сами или доколку прават нешто досадно.

На Близнаците им е потребна константна стимулација и ангажираност во различни активности, бидејќи така се чувствуваат најдобро и блескаат.

Жената родена во знакот на Близнаци е паметна, малку зајадлива и саркастична. Секогаш сака да го има последниот збор во дискусијата.

Близнакот маж сака авантури. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, немојте да сте предвидливи и досадни, бидејќи веднаш ќе ве откачат.

Тие доживуваат удари и веднаш се креваат од земја, како вистински Феникс од пепелта.

Имаат меко срце и брзо простуваат, но немојте да се залажувате дека Близнаците се глупави.

Тие едноставно имаат одговор за сè во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот