Секретаријатот за правда на САД со најава: Над 100 нови обвиненија за нападот на Капитол

фото ЕПА

Министерството за правда на САД денеска соопшти дека очекува да покрене обвинение против повеќе од 100 лица кои се осомничени за учество во нападот врз Капитол на 6 јануари, наведувајќи дека ова е веројатно најсложената истрага досега.

Повеќе од 300 лица веќе се соочија со обвинувања во врска со опсадата, во која загинаа пет лица и беа повредени повеќе од 130 полицајци, при што илјадници приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп се обидоа да спречат Конгресот да го потврди неговиот изборен пораз.

Министерството објави информации за планираните нови обвиненија во документите доставени до судот, во кои во некои случаи бара дополнителни 60 дена да се соберат докази.

– Истрагата и гонењето на одговорните за нападот врз Капитол веројатно ќе бидат меѓу најголемите во американската историја, како во однос на бројот на обвинети, така и по природата и обемот на доказите, соопштија федералните обвинители.

Федералното истражно биро (ФБИ) се повеќе е насочено кон осомничени лица поврзани со екстремно десничарски групи како што се „Чуварите на заклетвата” и „Горди момчиња”.

Повеќе од 900 наредби за претрес беа извршени во речиси сите 50 американски држави и во главниот град Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот