Секој ден фудбал, „зелено светло“ за шпанската Ла Лига

твитер

Според сегашниот план на челниците на „Ла Лига“, натпреварите ќе се играат секој ден, а остануваат уште 11 кола до крајот на сезоната.

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека натпреварувањето во „Ла Лига“ може да продолжи од 8 јуни. Сезоната во најсилното шпанско првенство е во прекин од средината на март поради пандемијата на коронавирус.

Досега се предвидуваше дека фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи во јуни, но се чекаше официјална потврда. Во своето обраќање, Санчес потврди дека од јули туристите можат повторно да ја посетуваат Шпанија.

Според сегашниот план на челниците на „Ла Лига“, натпреварите ќе се играат секој ден, а остануваат уште 11 кола до крајот на сезоната.

До прекинот на сезоната, Барселона го држеше врвот на табелата со 58 бода, додека Реал Мадрид има два помалку.

Последното место во Лигата на шампионите моментно го има Реал Сосиедад, а го следат Хетафе и Атлетико, кои се на позициите кои водат во Лигата на Европа, како и квалификациите за тоа натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот