СЕХА Лига: Вардар без шанси против Мотор

фото: seha-liga.com

Ракометарите на Вардар по двете победи во првите две кола, вечерва го доживеаја првиот пораз во СЕХА Лигата и тоа на гостувањето во Запорожје кај Мотор со убедливи 30:23.

Победникот беше решен уште во првите десет минути кога Мотор водеше со 6:0, а првиот гол вардарци го постигнаа преку Тимур Дибиров, а целиот натпревар го одиграа далеку под своето ниво. Домашните ракометари продолжија да доминираат, направија и предност од осум гола, но на одмор се замина со 16:9.

Вториот дел започна со два гола на Вардар, но тоа беше се што направија „црвено-црните“, веднаш домашните ракометари возвратија и во 40. минута дојдоа и до двоцифрена предност (23:13) по што до крајот единствена непознаница беше со колкава разлика ќе загуби Вардар. На крајот негативата која вардарци треба да ја бркаат во Скопје доколку сакаат да го освојат првото место во групата Б и да го избегнат Веспрем во елиминациите, изнесува седум гола (30:23).
Шеваљевиќ со пет гола беше најефикасен во Вардар, а Димитриоски, Карапелевски и Талески дадоа по четири гола, додека во редовите на Мотор, Минотски, Бурзак и Хориха дадоа по шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот