СЕХА: И „плус пет“ не беа доволни за триумф на Еурофарм Работник

Фото: seha-liga.com

Во својот седми натпревар оваа сезона во СЕХА Газпром лигата составот на Еурофарм Работник загуби на гостувањето кај Метаплопластика со 27:26.

После првото полувреме битолчани имаа водство од 11:12, но нивната предност беше уште поголема во текот на мечот, односно највисоката изнесуваше „плус пет“ (5:10).

Одлично започна македонскиот вицешампион со 0:4 во деветтата минута, а 10 минути подоцна на семафорот стоеше 5:10 после погодокот на Вегар.

Но, како вообичаено во досегашниот дел од сезоната и овојпат се случи после една убава предност, истата многу брзо да биде стопена, домаќините до првите минути од вториот дел направија серија од 7:2 за израмнување (12:12).

Иако повторно се одлепи нашиот претставник на 14:17, па сè до 53. минута одржуваше водство, на крајот српската екипа направи комплетен пресврт.

Беше во негатива од 26:24, па со два гола Вегар го врати битолскиот тим во игра. Во последната минута Матичиќ од пенал реализираше за 27:26. Еурофарм Работник имаше шанса преку Вегар да си оди барем со бод од ова гостување, но неговиот удар беше запрен.

Кај стрелците во победничките редови доминираше М. Милиќ со девет голови, а на спротивната страна осум запиша М. Вегар.

На табелата во групата „Б“ играчите на тренерот Стевче Алушовски после четвртиот пораз (по ред) се наоѓаат на третото место со девет бодови, колку што има и Метаплопластика на петтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот