Сефте на Ќатип Османи против „својата“ Шкендија

фото: ФК Шкупи

Ќатип Османи со победа дебитираше на клупата на Шкупи. Неговиот тим во првиот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, со 2:0 го совлада актуелниот шампион Шкендија. Победата за Османи добива на тежина бидејќи до неодамна седеше на клупата токму на Шкендија.

Јунак во триумфот на Шкупи беше босанскиот интернационалец Марин Јурина кој ги постигна и двата гола, првиот во 68. минута, а вториот на пет минути до крајот на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот