Седуммина мртви во Панама: Отишле на пливање, ѕверски ги убиле, меѓу нив и две сестри (ФОТО+ВИДЕО)

Панамските власти соопштија дека на езеро оддалечено 80 километри од главниот град, се пронајдени тела на седуммина млади, кои според првите наводи на истрагата се убиени, пренесува Ројтерс.

– Телата на четири девојки и три момчиња на возраст меѓу 16 и 23 години се пронајдени во саботата вечерта – изјави обвинителот Адолфо Пинеда и додаде дека некои кои упеале да побегнат од тој напад и помагаат на полицијата во истрагата.

На телата на жртвите се видливи повреди нанесени од огнено оружје, но вистинските причини за смртта не се утврдени, како ни мотивот за нападот. Од групата која отишла на пливање, шестмина успеале да го преживеат нападот.

Првичните информации говорат дека младите отишле да пливаат на езерото Гатун, вештачко езеро кое е дел од Панамскиот канал.

Меѓу загинатите се и две сестри – Асусена (21) и Хулиса (18) Мартинез.

Полицијата се надева дека информациите кои им ги дале преживеаните млади ќе помогнат што побрзо да се фатат виновниците.

Според сведочењето на еден од преживеаните од групата, на патот кон езерото сретнале двајца мажи – еден носел огнено оружје и капа на главата, а другиот имал многу лузни на лицето и нож.

Шестмината млади успеале да побегнат и да ја информираат полицијата. Во тој момент било 14 часот во петок. Според една верзија, како што пренесуваат панамските медиуми, полицијата разбрала дека деца биле ограбени и дека еден дел не успеал да побегне од лице место. Бидејќи никој од членовите на семејствата на младите на ја контактирал полицијата, тие во прв момент не обрнале многу внимание на случајот, пренесува Панама Прес.

Фото: Инстаграм

Во меѓувреме, мајката на двете сестри стигнала дома околу 18 часот и сфатила дека тие двете не се дома. Загрижените роднини ја контактирале полицијата која дури во 6 часот изутрината ги пронашла телата во стар бункер кој некогаш го користела американската војска. Недалеку од тој бункер е изграден нов затвор.

Фото: Инстаграм

Телата на девојките се пронајдени пред бункерот, а на останатите 5 внатре.

Младите биле во костими за капење, а околу нив имало чаури од куршуми. Причината за смртта се уште не е официјално објавена.

Фото: Инстаграм

Загинатите биле на возраст од 16 до 23 години. Починати се Асусена Мартинез (21), Хулина Мартинез (18), Едгар Мартинез (23), Владимир Капаросаa, Хелена Хесибле Мариота, Лејдис Мариота и Мигел Валдез, пренесува Ел Сигло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот