Седум полицајци шверцувале луѓе преку граничниот премин Мердаре

Унгарско-Австриска граница / Фото: EPA-EFE/Csaba Krizsan HUNGARY OUT

Осомничените се во притвор, а денеска ќе бидат донесени во Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата во Ниш.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија уапсија шестмина полицајци вработени во полициската станица Куршумлија, како и еден пензиониран полицаец поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело примање мито.

Полицијата се сомнева дека од септември 2019 година до октомври 2020 година, при контрола на лица на преминот Мердаре, тие побарале и зеле пари од граѓани со цел да им овозможат премин, иако немале соодветна документација.

Осомничените се во притвор, а денеска ќе бидат донесени во Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата во Ниш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот