СЕДУМ МИНУТИ СТРАВ на летот од Џорџија кон Флорида: Авион „пропаднал“ 9.000 метри

Патниците кој со авионот на компанијата Делта Ерлајнс патувале од американскиот град Атланта во сојузната држава Џорџија за Форт Лодердејл во Флорида искусиле седум минути чист страв кога авионот за време на летот „пропаднал“ скоро девет илјади километри, пишува Њујорк пост.

Авионот во средата бил на пола пат до конечната дестинација кога на висина од 11.890 метри за нешто помалку од седум минути нагло се спуштил на околу 3.000 метри.

„Одеднаш почувствував нешто што личеше на брз пад. Почнавме да паѓаме и маските за кислород паднаа. Започна хаос меѓу патниците. Една стјуардеса повторуваше да не паничиме, но ситуацијата беше многу напната. Многу патници околу мене забрзано дишеа“, изјави патникот Харис де Воскин за медиумите.

Портпаролот на компанијата Делта Ерлајнс изјави дека летот е пренасочен во градот Тампа на Флорида заради мерки на безбедност и дека таму слетал без било какви проблеми. Како што истакна до пренасочување дошло заради „неправилност кај одржувањето на воздушниот притисок во авионот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот