Седници на три собраниски комисии

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат  комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, во прво читање, а членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесен од: Емил Димитриев, Агим Шаќири, Костадин Костадинов, Мирослав Јовановиќ.

Комисијата за транспорт врски и екологија, пак ќе расправа по Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година. Две седници денеска во Собранието ќе одржи и Законодавно-праваната комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот