Седницата во српското Собрание заврши без гласање за избор на претседател на Парламентот

фото: screenshot, Parlament Srbija

Без гласање за избор на претседател на Собранието, потпретседатели и членови на работни тела, беше прекината денешната конституивна седница во српскиот Парламент. Седницата ја одбележаа навреди, туркање и викање. Опозиционерите станаа од столчињата и за малку ќе влезеа во физичка пресметка. Во директниот пренос се слушнаа сериозни пцовки.

Предлогот за избор на поранешната премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието дојде порано во собраниска процедура, пишува n1.rs.

Конститутивната седница почна на 6 февруари, а нејзиниот почеток и давање заклетва го одбележаа свирежи на пратеници од опозицијата кои тврдат дека изборите одржани на 17 декември 2023 година се украдени и дека составот на Собранието на Србија, а особено на градот Белград, не ја одразува вистинската волја на граѓаните.

По потврдувањето на мандатот, продолжението на седницата беше закажано за 11 март, но вечерта пред да почне, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека седницата ќе се одложи додека пратеничките групи не се договорат за кадровските решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот