Седницата на европскиот совет утре ќе биде посветена на Србија и Косово, Вучиќ и Османи денеска од далеку се гледаа во Шпанија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ/ Претседателка на Косово Вјоса Османи/ Фото ЕПА

Српскиот претседател  Александар Вучиќ денеска изјави дека нема напредок кон намалување на тензиите меѓу Србија и Косово. На европскиот политички самит во Шпанија тој истакна дека не разговарал со Приштина, ниту тие сакаат да разговараат.

„Никогаш не сте слушнале од нас дека се залагаме за санкции, ние се трудиме нашите луѓе на Косово и Метохија да имаат нормален живот“, рече претседателот, коментирајќи го барањето на косовската претседателка Вјоса Османи, до лидерите на ЕУ за воведување санкции за Србија.

Претходно, косовската претседателка Вјоса Османи одби да се сретне со Вучиќ на разговорите на европско ниво, барајќи воведување санкции кон Белград.

„Нема причина да се состануваме пред да се преземат санкции против Вучиќ. Прво санкции, а потоа можеме да зборуваме за останатите прашања. Шпанија е земја која придонесува за мирот и стабилноста на целиот континент. Се надевам дека ќе сфатат оти поддршката за агресор за кој има јасни докази од 24 септември, нема да помогне за мирот и стабилноста. Се надевам дека Шпанија ќе го следи примерот на другите земји да преземе мерки против Србија за овој чин што го изврши не само против Косово, туку и против мирот и безбедноста на цела Европа“, рече Османи.

Утре на седницата на Европскиот совет тема ќе бидат Косово и Србија. Некои ќе се обидат да зборуваат за Србија на различни начини“, рече претседателот на Србија. Тој истакна дека се обидел да им го објасни ставот на Србија на европските претставници, дека тоа е негова работа и дека ќе продолжи да го прави тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот