Се затвараат кафулиња, кина, теретани: Влошување на ситуацијата и нови мерки во САД по рекордниот број на заразени

Остин, Тексас, САД / 26 јуни 2020 / Фото: Sergio Flores / AFP / Profimedia

САД вчера пријавија најмалку 41.586 нови случаи на коронавирус и 338 смртни случаи, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

До денеска во САД се регистрирани најмлаку 2.590.582 случаи на ковид-19, а најмалку 126.141 лица починале од вирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Мајами, Флорида, САД / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Американските сојузни држави Калифорнија и Тексас забележале рекорден пораст на бројот на заразени лица со Ковид-19 во текот на претходниот ден, а до влошување на епидемиолошката ситуација дошло и на Флорида, во Аризона, Канзас и Њу Џерси, кои воведоа нови мерки во борбата против коронавирусот.

Мајами, Флорида, САД / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Во Калифорнија во текот на претходниот ден бројот на заразените со коронавирус се зголеми за 7.418, достигнувајќи речиси 223.000, што претставува рекорден број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Јуни 2020 / Фото: EPA-EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лос Анџелес, кој е ново жариште на пандемијата, има над 100.000 заразени случаи од Ковид-19, иако се затворени кафулињата и има одредби за задолжително носење заштитни маски во речиси сите јавни простори. Голем број заболени лица во овој град се наоѓаат на болничко лекување, а властите стравуваат дека би можело да дојде до преоптоварување на здравствениот систем.

Остин, Тексас, САД / 26 јуни 2020 / Фото: Sergio Flores / AFP / Profimedia

Во Тексас, исто така, е забележан рекорден дневен пораст на бројот на заразени – 6.545, со што вкупниот број на позитивни случаи на коронавирус во државата достигна речиси 160.000 лица. Во оваа американска држава кафулињата, кои неодамна беа отворени, повторно ќе бидат затворени од петок.

Остин, Тексас, САД / 26 јуни 2020 / Фото: Sergio Flores / AFP / Profimedia

Гувернерот на Аризона наложи затворање на кафулињата, ноќните клубови, фитнес центрите, кино салите и аква парковите најмалку еден месец, а отворањето на јавните училиштата е одложено минимум до 17 август.

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Во Њу Џерси од четврток нема да биде дозволено услужување на гости во затворени делови на рестораните, а во Канзас од петок стапува во сила одредбата за задолжително носење заштитна маска во јавен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот