Се заоструваат односите: Ергодан го навреди Макрон, тој ќе го повлекува францускиот амбасадор од Турција

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Франција денеска ја осуди изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој го доведе во прашање „менталното здравје“ на францускиот колега Емануел Макрон поради неговата изјава за карикатурите на пророкот Мухамед.

Како што пренесува Ројтерс, Франција најави дека поради изјавата на Ердоган ќе го повлече својот амбасадор од Турција.

„Зборовите на претседателот Ердоган, се неприфатливи. Навредите и грубостите не се начин. Бараме Ердоган да ја смени политичката насока, зошто неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во преголеми полемики и не прифаќаме навреди“, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Ердоган претходно денеска ги критикуваше ставовите на својот француски колега Макрон кон муслиманите, повикувајќи го „да го провери своето ментално здравје“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот