Се загрева атмосферата пред дербито: Србите повредни од Швајцарците

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Вечерва се игра големото дерби во третото коло од групната фаза на Светското првенство, Србија и Швајцарија во директен дуел ќе решаваат за пласман во осминафиналето.

Пред овој натпревар се прават и разни споредби, па така се споредува и вредноста на фудбалерите. Според специјализираниот сајт „Трансфермаркт“ вредноста на српскиот тим е за 78 милиони евра повисока од швајцарскиот.

„Орлите“ се проценуваат на 359 милиони евра додека тимот на Швајцарија вреди 281 милиони евра. Двајцата наскапи во редовите на Србија се Душан Влаховиќ со вредност од 80 милиони евра и Сергеј Милинковиќ-Савиќ со 60 милиони евра.

Најскап во редовите на Швајцарија е стоперот на Манчестер Сити, Мануел Акаџи кој вреди 30 милиони евра. Зад него следи Гранит Џака со два милиони евра помалку. Интересно е што трет најскап фудбалер на Швајцарија е резервниот голман Грегор Кобел. Кобел во репрезентацијата е резрва на искусниот Јан Зомер.

Ќе потсетиме на Србија и е потребна победа против Швајцарија за осминафиналето, но во исто време Камерун не смее да го победи Бразил. Швајцарија од друга страна зависи само од себе и со победа сигрно продолжува во нокаут-фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот