ВИДЕО | Германија се спакува, Србија и Швајцарија на голем тест

Германија Гинтер/ Фото EPA-EFE/Georgi Licovski

Репрезентацијата на Германија синоќа иако на крајот издвои победа против аутсајдерот Костарика, не успеа да се пласира во следната рунда. По Данска и Белгија, Германија стана последната европска репрезентација која испадна уште во групната фаза и го заврши своето учество во мундијалот.

Хрватска и зададе последен удар на Белгија, која по неколкуте промашувања на Ромелу Лукаку во второто полувреме, остана без постигнат гол и разочарувачки го заврши Светското првенство. Веќе испаднатата Канада беше поразена од можеби и најголемото изненадување засега, екипата на Мароко која групната фаза ја заврши на првото место.

Шпанија иако поразена, успеа да се квалификува во осминафиналето, каде ќе се пресмета со екипата на Мароко, а Хрватска ќе игра со Јапонија, која заврши прва.

Денес нѐ очекуваат уште 4 интересни натпревари. Најпрво во 16 часот се натпреварите меѓу Гана и Уругвај, кои имаат „недовршена работа“. Веќе пласираната Португалија ќе ги измери силите со екипата на Јужна Кореја.

Најинтересниот дуел ќе се изигра од 20 часот кога екипата на нашиот северен сосед Србија ќе го игра одлучувачкиот дуел против Швајцарија за пласман во осминафиналето. Фаворитот од групата Бразил ќе има шанса да го ротира својот тим против Камерун, кој уште има надеж за да остане во игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот