Се врати НБА, Јокиќ како бек, Денвер подобар од Вашингтон! (ВИДЕО)

фото: твитер

Најефикасен во екипата на Денвер со 22 поени беше Трој Дениелс, додека Бол Бол додаде 16, колку што имаше и Јокиќ.

Пред и официјално да продолжи сезоната во НБА лигата, доцна синоќа започнаа првите пријателски натпревари.

Играчите на Денвер го совладаа составот на Вашингтон со конечен резултат 89:82, а репрезентативниот центар на Србија, Никола Јокиќ кој пред неколку недели беше позитивен на коронавирус, се истакна во победата над Визардси на Флорида.

Интересен е податокот што тренерот на Нагетси, Мајк Мелоун на овој меч Јовиќ го постави позицијата бек.

Србинот добро се снајде во новата улога, реализираше 16 поени, имаше по седум скокови и асистенции. Истиот учинок на поени го имаше уште Бол Бол, а поефикасен од нив беше само Трој Дениелс со 22 поени.

Во останатите контролни мечеви: Бруклин Нетс-Њу Орлеанс Пеликанс 68:99, Мајами Хит-Сакраменто Кингс 104:98 и Лос Анџелес Клиперс-Орландо Меџик 99:90.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот