Се враќа карневалот во Рио де Жанеиро, по паузата поради пандемијата

Рио карневал/ Фото: MAURO PIMENTEL / AFP / Profimedia

Карневалот во Рио де Жанеиро се враќа во полн ек по пандемијата ковид-19, а федералната влада на Бразил очекува 46 милиони луѓе да се приклучат на свеченостите, кои официјално започнуваат денеска и ќе траат до 22 февруари.

Минатата година поради пандемијата на ковид-19 карневалот во Рио де Жанеиро беше одложен два месеци и беа забранети одредени активности, на кои присуствуваа главно локални жители.

Повеќето туристи одат на забави на кои учествуваат карневалски улични групи, познати како „блокови“, кои беа откажани минатата година, а годинава во Рио де Жанеиро ги има повеќе од 600.

Спектакл се очекува на Самбадром, каде се наоѓаат училиштата за самба кои трошат огромни средства на едночасовни паради со костими, изјави претседателот на Лигата на училиштата за самба во Рио, Хорхе Перлингеиро.

Тој додаде дека овогодинешниот карневал ќе собори рекорди на Самбадром, каде секој ден се очекуваат околу 100.000 гледачи и 18.000 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот