Сè уште тлее огнот во магацинот со хемикалии во тетовско Фалише

Фото: Слободен печат

Сè уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише, информира командирот на тетовската противпожарна бригада, информира Телма. Изгореа магацин и продавница за бои и лакови, а состојбата со пожарот е сè уште далеку од стабилна.

Во пожарот во тетовско се претпоставува дека изгореле над 100 тони бои, лакови и други хемикалии.  ЦУК и Центарот за јавно здравје го предупредија локалното население да не излегува од дома.

Првичните проценки на надлежните се алармантни. Велат, изгореле над 100 тони хемикалии, а опасноста е во радиус од два километра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот