Сѐ уште не работи пречистителната станица во Јегуновце, пропаднал тендерот

Токсичен индустриски отпад од Југохром/Фото: архива на Слободен печат

Една година откако „Слободен печат“ ја обелодени катастрофалната состојба со непреченото излевање на отровниот шествалентен хром од индустриската депонија на некогашната фабрика Југохром од Јегуновце, проблемот со загадувањето на Вардар и непосредната околина на депонијата сѐ уште не е решен. Пречистителната станица, сместена во кругот на сега затворената фабрика во Јегуновце веќе неколку години не работи, наводно поради дотраеност и дефекти на поедини нејзини делови.

„Слободен печат“ го праша Министерството за животна средина која е моменталната состојба со работењето на пречистителната станица за отпадните води од јаловиштето на некогашниот индустриски гигант за производство на феро-легури за која лани, кусо откако беа објавени снимките со загадените езерца полни со отрови најавија дека итно ќе извршат набавки на резервните делови.

„Ве информираме дека пречистителната станица сѐ уште не работи со полн капацитет. Во моментот се реализира тендерот за санација/реконструкција на таложникот. Реализацијата на активностите доцни бидејќи првиот тендер беше неуспешен и во тек е постапката за реализација на втор тендер“, стои во одговорот од Министерството.

Кога во октомври лани, на истово прашање, добивме ист одговор, дека „пречистителната станица не работи со полн капацитет“, на терен се уверивме дека отровите од депонијата воопшто не се зафаќаат туку дека директно се слеваат во Вардар, поради тоа што потоците и атмосферската вода која се слева низ јаловиштето го растопува и шествалентен хром што во високи концентрации се наоѓа во преработената згура.

Шествалентниот хром од Јегуновце повторно „под контрола“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот