ВИДЕО: Се урна авион на аеромитинг во Унгарија, загинаа татко и син
Две лица (татко и син) загинаа, а четворица се повредени откако денеска падна авион на аеромитинг во Шекесфехервар, во централна Унгарија.
Препорачано
Малиот авион за две лица „Тројанац“ кој што се урнал, експлодирал и двете лица кои биле во него загинале, додека тројца тешко повредени со хеликоптер бea пренесени во болниците во Будимпешта. Едно дете, пак, со полесни повреди е префрлен во локалната болница.
Како што пренесува АФП, на видео снимката што ја објавиле локалните медиуми се гледа како авионот паѓа и експлодира на земја.
„Малиот авион се урна покрај паркиран автомобил кој што се запали од ударот”, соопшти унгарската полиција.
Како што информираат од агенцијата МТИ, околностите за несреќата се уште не се познати, а на местото на несреќата се уште се пожарникарите и екипите на брзата помош.
Организаторите ги прекинаа преостанатите настани во рамките на аеромитингот.
Today a T-28 old navy airplane crashed in Hungary.
Only 2 crews on board, father 67 and son 37 ( both were pilots ) lost their lives. RIP.
—#aviation #news @aviationbrk pic.twitter.com/ZsT2FEFyZn— EAGLE (@TropojanEagle) September 10, 2023


