Се степаа новинар и политичар (ВИДЕО)
Жестока политичка дебата меѓу еден пакистански политичар и новинар, многу брзо премина во насилен судир, а сето тоа се пренесуваше директно во телевизиска емисија.
Масрор Али Сијал, висок водач на владејачката партија Техреек-е-Инсаф (ПТИ), го нападна новинарот и претседател на “Карачи прес-клубот”, Имтијас Кан, додека учествуваше во емисијата “News Line with Aftab Mugheri” во понеделникот, пренесува Експресс.
Пред удирањето со клоци и тупаници, Сијал го предупредил Кан за неговиот агресивен тон.
Двајцата кои се степаа, мораше да ги раздели телевизискиот персонал и другите гости, а емисијата продолжуваше во директен пренос. Масрор Али Сијал потоа седна и продолжи со дискусијата, додека Кан замина, но и тој се врати во студиото по неколку минути.