Се слави во Белград: Партизан го декласираше Виртус за прва победа во Евролигата

После двете пропуштени шанси Партизан вечерва ја оствари првата победа во Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ славеа убедливо над Виртус Болоња со 90:62. За Партизан ова е прво славје во ова натпревбарување после осум години откако во 2014 година во Белград го совладаа Жалгирис со 78:67. Најефикасен во редовите на Партизан со 20 поени беше Џејмс Нанели, додека Бако со 11 и Вимс со 10 беа најрасполжени кај Виртус.

На домашен терен победа запиша и Жалгирис кој ја изненади Барселона со 73:72. Каталонците на оваа средба го имаа последниот напад и можеа да до победа, сепак Саторански воопшто не шутна кон противничкиот кош.

До тесна победа стигна Армани Милано на гости кај Баерн со 81:83. Домаќините имаа предност после првото полувреме со шест разлика, но Армани потоа почна да се враќа и на крај го доби дуелот.

Уште една рутинска победа забележа Макаби Тел Авив кој го совлада Асвел со 88:69. Во дербито на вечерта Фенербахче на домашен терен ја совлада Валенсија со 79:77.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот