Трагедија во Србија: Се самоуби 15-годишна репрезентативка во кошарка

Девојката, која лани поради својот талент и потенцијал, како 15-годишна кошаркарка влезе во сениорскиот тим на Партизан, си го одзеде животот.

Српската јавност е во шок откако во вторникот околу 19 часот во Батајница, во помошен објект, пронајдено е мртво телото на малолетно девојче кое си го одзело животот со бесење, објави „Новости“.

Малолетната девојка, петнаесет годишната Милица Мркела била млада кошаркарка на белградскиот клуб Партизан и кадетска репрезентативка на Србија.

Информацијата за белградскиот весник „Телеграф“ ја потврди претседателската на српскиот кошаркарски клуб Бојана Јанковиќ.

„КЖК Партизан со голема болка се збогува од својата играчка Милица Мркела (2005-2021) која не напушти прерано“, се вели во соопштението на клубот, барајќи од сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти.

Србија во шок: Три самоубиства на млади лица во Белград во рок од неколку часа

Младата Милица извршила самоубиство во помошниот објект на семејната куќа.

Тинејџерката наводно ја замолила својата баба да и прави палачинки додека го шетала кучето, а малку подоцна нејзината мајка го пронашла нејзиното тело.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот