Се реновираат влезот и ходниците во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Деновиве во најголемото основно училиште на територија на Општина Аеродром се изведуваат градежни работи се со цел подобрување на условите за престој на дечињата додека се во училиштето. Како што информираат од локалната самоуправа, се реновираат влезот и ходниците во основното училиште.

-Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ овие денови се реновираат влезот и ходниците на приземјето, како и стариот дел на училиштето кое е во продолжение на новоизградениот дел. Навремено беа отстранети неколку опасни делови, како што е старата дотраена ламперија, што претставуваше потенцијален извор на зараза од инсекти. Најголемото основно училиште во Аеродром во пресрет на новата учебна година добива нов и модерен изглед на површина од над 400 квадратни метри и е подготвено за пречек на новите првачиња – информираат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот