Се проценува на 600 илјади долари: Дело насликано од четворицата „Битлси“ наскоро ќе се најде на аукција

„Битлси“ / Фото: The Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

Во 1966 година, музичката група „Битлси“ одржа пет последователни концерти во познатата јапонска арена „Нипон Будокан“. Но, за време на паузите од концертите, четворицата членови  биле „заробени“ во претседателскиот апартман на хотелот „Токио Хилтон“ и создавале „уметничко дело“, кое потоа стана познато како „Слики на жени“ („Images of a Woman“).

Аукциската куќа „Кристи“ ја проценува вредноста на сликата од 400.000 до 600.000 долари, а како што вели историчарот на уметност Кејси Роџерс во интервју за „Си-ен-ен“ – сликата „доловува магичен момент во историјата на ‘Битлси’“.

„Толку е ретко да се има на хартија дело надвор од нивната музичка креативност што е физичка реликвија, опиплив предмет на кој сите четири Битлси оставиле свој белег“, вели експертот од „Кристи“ за сликата со димензии 54,6 на 78,8 сантиметри.

„Битлси“ по турнејата во Јапонија / Фото: – / Everett / Profimedia

Според приказната, познатата четворка поминала околу 100 часа во Јапонија за време на нивната турнеја во 1966 година.

Не членовите на групата не им било дозволено да ја напуштаат хотелската соба, по наредба на локалните власти, кои биле загрижени за нивната безбедност. Посетата на „Битлси“ на Јапонија ги привлекла бројните обожаватели на групата, но и демонстрантите – имало извештаи за закани од јапонски националисти, но и од оние кои биле бесни поради фактот дека „рок група од Западот“ свири во арена, која дотогаш се сметала за духовен дом на боречките вештини.

Според соопштението на „Кристи“, четворицата добиле подарок прибор за сликање и празен лист хартија со јапонски квалитет. Па, Пол Макартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар се зафатиле со работа – на средината од листот ставиле лампа, избрале свое ќоше и почнале да сликаат. Наводно, додека работеле на делото, слушале снимки од нивните песни, кои подоцна се најдоа на нивниот студиски албум „Револвер“ („Revolver“) (1966).


Фотографот Роберт Витакер, застапуван од менаџерот на бендот – Брајан Епштајн, тврди дека никогаш не ги видел помирни и поопуштени од моментите кога сликале.

Ленон и Макартни работеле со акрилни бои, а Харисон и Стар користеле акварел. А во средината на листот, каде што била лампата, се наоѓаат нивните потписи.

„’Битлси’ никогаш не ѝ дадоа официјално име на нивната слика, но таа стана позната како ‘Слики на жени’ кон крајот на осумдесеттите години, кога јапонски новинар го протолкува аголот на Макартни како приказ на женски гениталии“, се вели во соопштението на „Кристи“.


По завршувањето, сликата ја купил Тецусабуро Шимојама, директор на забавната индустрија, кој тогаш бил претседател на фан клубот на „Битлси“ во Токио. Како што објави „Атлантик“ во 2012 година, Такао Нишино ја откупил сликата во 1989 година. Нишино го чувал уметничкото дело под својот кревет, а во 2012 година решил да го стави на аукција.

„Долго мислев дека можеби е најдобро да се зачува оваа слика како дел од јапонското културно наследство, бидејќи таа никогаш не ја напушти Јапонија во последните 46 години. Но, феноменот ‘Битлси’ беше и останува глобален“, изјави Нишино за „Атлантик“.

„Слики на жени“ ќе биде дел од распродажбата „Ексепшанал“ на аукциската куќа „Кристи“, годишна аукција која се случува во годишна аукција што се одржува во Њујорк, Лондон и Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот