Се пренасочува патот Крива Паланка-Куманово, екипи на Македонија пат работат на терен

Сообраќајот на магистралниот патен правец А2 , Куманово – Крива Паланка, се пренасочува преку алтернативен пат откако беше затворен за сообраќај пред околу два часа поради големи одрони што ги зафатија двете коловозни ленти кај село Ругиннци, кај месноста викана „Ругинска кривина“.

-Екипите на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта „Македонија пат“ се на терен, механизацијата работи интензивно, но прекинот уште трае, информира раководителот на секцијата на „Македонија пат“, Крива Паланка, Боби Димитровски.

Нагласи дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен пат.

-Сообраќајот засега, со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП „Македонија пат“ се насочува кон стариот пат Куманово-Крива Паланка, кај Грушино, прецизира Димитровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот