Се појави лажна вест за смртта на Ханка Палдум: Вознемирената пејачка се огласи на социјалните медиуми

Фото: Инстаграм/Ханка Палдум

Босанската пејачка Ханка Палдум (67) се соочи со многу непријатно искуство на интернет просторот.

Имено, на порталот „Волпапси“ се појави лажна вест за нејзина смрт, сѐ со цел да се добие читаност со помош на комбинација од „кликбејт“ наслов и фотографија на легендата на босанската народна музика, пишува веб-страницата „Раскринкавање“, која е платформа за откривање лажни вести во Босна и Херцеговина.

Спорниот напис бил објавен на 27 јануари, со наслов: „Почина босанската легенда: децата се соочиле со ужасната ситуација кога ја пронашле“. Текстот бил илустриран со фотографија од пејачката.

Фото: Скриншот/„Волпапси“

Спротивно на насловот, написот не содржел никакви информации за смртта на Ханка Палдум или за смртта на некоја друга личност. Во текстот пишувало дека Палдум уживала „просперитетен мандат во музичкото царство“ и дека покрај нејзините „мелодиски вештини“, таа ги освоила обожавателите и со нејзината „извонредна привлечност“. Во продолжение на текстот, авторот споделил и неколку биографски податоци за пејачката.

Потоа написот бил споделен во повеќе босански групи на социјалниот медиум Фејсбук.

Порталот „Волпапси“ е познат по тоа што објавува вести за познатите личности со сензационални наслови. Но, интересно е дека овој медиум нема импресум.

И самата Палдум реагираше со објава својот фејсбук-профил и ја демантираше веста.

„Драги мои пријатели,

По не знам кој пат, ова е медиумски напишана лага. Јас сум жива, здрава и среќна со моите мили и драги. Само што ја добивме веста дека ова се споделува на социјалните медиуми. Ова е тажно, што да се каже на ова?

Ве сака вашата Ханка“, напиша пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот