Се подготвуваат радикални промени во Лигата на шампионите

Лигата на шампионите до 2024 година го задржува моменталниот формат на натпреварување, но потоа се очекуваат големи промени и тоа на барање на најголемите европски екипи.

Во последните неколку месеци постојано се изнесуваат предвози за новиот формат на ЛШ, а последниот предлог го презентира весникот “Тајмс“. Во него се бара Лигата на шампионите наместо 32 екипи да брои или 40 или 48 екипи и претставува алтернатива на предлозите на претседателот на Јувентус и на Европската фудбалска асоцијација на клубови (ЕЦА), Андреа Ањели.

Ањели сакаше да го заштити сегашниот формат со 32 екипи но да воведе промоција и испаѓање од ЛШ, а 24 од вкупно 32 екипи да имаат загарантирано учество и во наредната сезона без да влијаен пласманот во домашниот шампионат.

Неговиот предлог беше одбиен од сите силни лиги (Премиер лигата, Бундес лигата, Ла Лига), а последниот удар дојде од Серија А каде 15 од вкупно 20 екипи гласаа против предлогот на Ањели.

Најновиот предлог кој го објави „Тајмс“ бара ЛШ да се зголеми на 40 или 48 екипи за да не се фаворизираат само најбогатите клубови во Европа туку шанса да добијат и останатите, а најдобар пример за тоа е изминатата сезона во која Ајакс иако влезе во ЛШ преку квалификациите, стигна дури до полуфиналето, а притоа ги елиминира гигантите Реал Мадрид и Јувентус.

Најновиот предлог, УЕФА ќе го разгледува на самитот на 11 септември, а сите промени доколку бидат усвоени ќе стапат на сила од 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот